Познатата пејачка Ивана доживеа инфаркт

Поранешната членка на групата Tap 011 минатата недела била примена во Клиничкиот Центар во Белград каде докторите констатирале дека имала срцев удар.

Ивана Петерс од рок составот Негатив сега успешно се опоравува, откако и бил вграден стен. Ивана се јавила на доктор кога почуствувала јака болка и притисок во градите. По прегледот, како што пренесува српскиот Курир, било констатирано дека легендарната пејачка имала два инфаркта.

– По операцијата Ивана добро се чуствува, изјавил извор близок до пејачката.

Сега е пуштена на домашно лекување.