Познатата пејачка одлучи да настапува без шминка: Дали ја препознавате?

Пејачката Алиша Киз објави два сингла со кои што го најавува големото враќање на музичката сцена.

Препознатливиот музички стил, убавите мелодии и раскошниот глас на пејачката и понатаму се во прв план. Но, она што во голема мера е променето е нејзиниот нов имиџ, односно како пејачката повеќе да не сака да се оптоварува со сопствениот стил.

Таа гостуваше во емисијата Saturday Night Live каде во живо ги изведе двете нови песни, а она што сите го забележаа е дека таа беше без грам шминка.