Свет,Спорт

Познати детали од несреќата на Шумахер, при падот возел 20 км на час

Познати детали од несреќата на Шумахер, при падот возел 20 км на час

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер возел 20 километри на час при падот на скијање во Франција кон крајот на декември, кога се здоби со тешки повреди на главата. Ова го покажува истрагата на француското обвинителство.

„Брзината не била преголема во моментот на падот, односно возел максимум 20 километри на час,“пренесува италијанската агенција Анса која има свои извори во француското обвинителство во Албервил.

Француските истражни органи ја прегледале камерата која Шумахер ја носел на својата кацига кога паднал на необележана патека во Мерибелу.

Обвинителот Албервил Патрик Кенси изјави дека седумкратниот светски шампион на Формула 1, возел шест метри надвор од означената патека при несреќата, како и тоа дека е тешко да се процени со која брзина се движел.

„Истрагата добро напредува. Ако е потребно, ќе анализираме кадар по кадар од снимката.Тој ја следеше црвената патека, а тогаш се тргна од неа. Шумахер очигледно е исклучително добар скијач, но една од неговите скии удари во камен поради што падна и удри со главата во камен. Каменот во кој удри е осум метри надвор од патеката, а тој паѓал девет метри надвор од патеката,“ изјави Кенси.

Здравствената состојба е стабилна, но и понатаму критична.Шумахер од 29 декември е во вештачка кома, бидејќи се здобил со тешки повреди на главата при пад на скијање во Франција.