Познати носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ

Веќе се познати имињата на дел од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори, објави весникот „Вечер“.

Носител на листа ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6 Влатко Ѓорчев, а во двојка Никола Поповски. Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев синоќа од Тетово ги започна активностите на терен истакна дека повеќе нема бегање и дека Македонија ќе гласа.

-Чекавме, бевме трпеливи. Избегаа прв пат, избегаа втор пат, трет пат нема каде да бегаат. Во декември гласаме и во декември победува ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата. Вчера се собравме од цела Македонија и порака е дека на 11 декември ќе гласаме повторно Никола Груевски да биде премиер. Порака до цела Македонија – 63 пратеници за унитарноста на Македонија, за уставниот поредок на Македонија, за безбедноста на Македонија, Македонија да биде сигурна и стабилна, истакна Ѓорчев.

Тој истакна дека конечно после две години опструкции и удар од СДСМ каков што во Македонија немало, ќе се оди на избори.

Министерот за надворешни работи и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Попоски, синоќа се обрати пред членовите на општинскиот комитет на партијата во Куманово и нагласи дека во овој момент се фокусирани на граѓаните, нивните потреби и проектите кои се најзначајни за нив.

ВМРО – ДПМНЕ, рече Попоски, тргнува најсилно досега, со најсилен фокус на граѓаните, инвестициите, повеќе работни места и проекти во секое населено место во Република Македонија. Сметаме, подвлече Попоски, дека овој е вистинскиот момент да заврши кризата и да се посветиме на најважната задача која претстои пред нас.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.