вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

Познати производи кои настанале по грешка

science_experiments2-305x186

Последни вести

Сигурно понекогаш се прашувате како некои од најпознатите светски производи настанале. Интересно е да се каже дека дел од нив денеска ги знаеме и ги користиме благодарение на некој грешка или неуспешен експеримент.

Фармацевитите наместо лек ја создале кока-колата

Фармацевтите наместо лек ја создале кока-колата

Кока кола– Обидувајќи се на направат тоник за луѓето кои имале проблеми со воспаление на забите, фармацевтите го пробале тестерот и откриле дека нема некој лош вкус.

Додале малку газирана вода и денес овој производ претставува што е еден од најпознатите во светот.

Пеницилин – Изумител Александар Флеминг. Иронично, Флеминг бил во потрага по „чудо од лек“ што ќе може да излечи разни болести. Оставил куп валкани садови кога тргнал на одмор.

Валканите чинии на Флеминг се „виновни“ за пеницилинот

Валканите чинии на Флеминг се „виновни“ за пеницилинот

Се вратил од пат и открил нешто чудно во чиниите. Сите јадења биле покриени со бактерии, освен една чиј дел бил заштитен. Сфатил дека тој дел ги блокирал бактериите и дека може да се искористи за да убие широк спектар од нив. Настанал лекот пеницилин, еден од најчестите антибиотици денес.

Ќесички чаj  – Датираат од 1903 година и биле направени од рачно шиена свила. Томас Саливен, американски трговец со кафе и чаj, праќал примероци од своите производи до клиентите спакувани во лименки. Се’ додека еден ден не дошол до заклучок дека би му било поевтино примероците да ги испраќа во мали, рачно зашиени свилени кеси. Нарачките веднаш пристигнале, не за чаевите, туку за неговите ќесички.

Чипс – Најпопуларната приказна за пронаоѓањето на чипсот е врзана за готвачот Џорџ Крум. Тој во 1853 година бил готвач во еден ресторан во државата Њујорк, кога еден муштерија цело време ја враќал чинијата со пржен компир назад, барајќи парчињата компир да бидат исчени потенко и да се пржат подолго. Џорџ бил изнервиран од гостинот, ги исекол компирите на многу тенки парчиња, ги пржел додека не се искривиле и ги посолил. Наместо да се лути поради компирт, гостинот побарал повеќе и револуцијата почнала. Бил познати како Саратога Чипс по градот каде настанал.

„Сината пилула“ требало да биде лек за срцеви болести

„Сината пилула“ требало да биде лек за срцеви болести

Вијагра – Хемичарите во фармацевтската компанија „Фајзер“ развивале пилула за лекување на кардиоваскуларни болести. Во 1991 година нешто искрснало, буквално.

Лицата на кои ја тестирале пилулата покажале споредни и „чудни“ ефекти при лекувањето. Пилулата, подоцна наречена „вијагра“ е одобрена во 1998 година и се покажала како неуспешна за лекување на срцеви болести, но неочекуванo лекувала еректилни дисфункции.

Најчитани вести