Познати противниците на македонските ракометари на ЕП во Хрватска

Македонија Европското првенство во ракомет во Хрватска го започнува во Загреб, најсилниот ривал кој Македонија го доби во групата е Германија, која е актуелен европски првак.

Покрај Германија, противник во групата ни е Словенија, со која имаме многу натпревари во минатото, па станува збор за два тима кои добро се познаваат.

Како аутсајдер во групата важи Црна Гора на вардаровиот бек Вуко Борозан.

ГРУПА А (Сплит): Хрватска, Шведска, Србија, Исланд.

ГРУПА Б (Пореч): Франција, Белорусија , Норвешка, Австрија.

ГРУПА Ц (Загреб): Германија, Македонија, Црна Гора, Словенија.

ГРУПА Д (Вараждин): Шпанија, Шведска, Чешка, Унгарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.