Спорт

Познати противниците на македонските ракометари за СП

Познати противниците на македонските ракометари за СП

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за првата фаза од Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Франција.

 

Нашата селекција е дел од Б групата и за место во елиминациската фаза ќе се бориме со Шпанија, Ангола, Тунис, Исланд и Словенија.

Со селекцијата на Тунис ќе се сретнеме по трет пат во последниве три години. По триумфот на Мундијалот во Катар, следуваше пораз на Олимписките квалификации во Гдањск и сега ќе се сретнеме во Франција.

Исланд ни е противник во квалификациите за Европското првенство додека голем интерес ќе предизвика и селекторскиот дуел меѓу Лино Червар и Веселин Вујовиќ кој седи на клупата на Словенија.

Од аутсајдерите противник ни е репрезентацијата на Ангола додека од фаворитите жрепката одреди да се соочиме со селекцијата на Шпанија.

Светското првенство се игра во периодот од 11 до 29 јануари.

РАКОМЕТ СП 2017 – фаза по групи

A група

Норвешка, Јапонија, Бразил, Русија, Полска, Франција

Б група

Ангола, Тунис, Исланд, МАКЕДОНИЈА, Словенија, Шпанија

Ц група

Саудиска Арабија, Чиле, Унгарија, Белорусија, Хрватска, Германија

Д група

Аргентина, Бахреин, Египет, Шведска, Данска, Катар