Познати противниците на младите ракометарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците за претстојното Европско Првенство кое ќе се одржува во Шпанија.

Нашите млади ракометарки , ќе бидат во групата „Б“, заедно со селекциите на Русија, Германија и Литванија.

ЕП за ракометарки до 19 години ќе се игра во периодот од 23 јули до 2 август.

На денешната жрепка во Валенсија беа одредени и останатите три групи:

А група: Данска, Хрватска, Црна Гора и Србија.

Ц група: Шведска, Романија, Унгарија и Франција.

Д група: Португалија, Норвешка, Шпанија и Белорусија.

Двете првопласирани од групната фаза одат во четвртфиналето, а останатите ќе разигруваат за пласман од 9-16.место.