Спорт

Познати противниците на Вардар и Металург во четвртфиналето

Познати противниците на Вардар и Металург во четвртфиналето

Пред малку беа составени двојките од четвртфиналните натпревари од ракометната Лига на шампиони.

Македонскиот шампион „Вардар“ за противник го доби германскиот тим „Флензбург“ , додека тимот од Автокоманда ќе се надигрува со „Кил“.

Ждрепката може да ја следите на овој ЛИНК.

Првите натпревари ќе се одигра од 16-20-ти април. „Вардар“ прво ќе игра во „Фленс Арена“ , додека пак реваншот ќе се одигра седум дена подоцна, односно од 23-27 април во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Металург“ пак првиот натпревар ќе го игра на домашен терен, додека реваншот седум дена подоцна ќе се игра во Германија.