недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 8

Познати се добитниците на наградата „23 Октомври“

За остварување во областа на културата и уметноста годинашни добитници на државната награда „23 Октомври“ се музичкиот уметник Драган Даутовски, актерот Иван Петрушевски и  ликовниот уметник Реџаи Исени. 

132437710

Поврзани вести

Како што одлучи Одборот за доделување на наградата, за остварување во областа на науката и образованието годинашни добитници се Стефан Влахов, историчар и филозоф и Агим Пољоска, албанолог.

Државната награда „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2016 година (недела) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.

Најчитани вести