Познати се стартните петорки што ќе ја бранат честа на Истокот, односно Западот на Ол-старот во Њујорк

Ол-стар натпреварот годинава ќе биде одигран на 15-ти февруари во Њујорк, а веќе се познати и првите петорки на Источната и Западната конференција.

На паркетот за Истокот ќе истрчаат Кајл Лаури (Торонто), Џон Вол (Вашингтон), Леброн Џејмс (Кливленд), Кармело Ентони (Њујорк) и По Гасол (Чикаго).

За Западот место вп стартната петорка обезбедија Стеф Кари (Голден Стејт), Коби Брајант (ЛА Лејкерс), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Блејк Грифин (ЛА Клиперс) и Марк Гасол (Мемфис).

Екипите ќе ги водат тренерите на моментално најдобропласираните тимови на Истокот, односно Западот, Мајк Баденхолцер (Атланта) и Стив Кер (Голден Стејт).

Инаку овој Ол-стар кој ќе се одигра во “Медисон Сквер Гарден” арената ќе биде запишан во историјата бидејќи за првпат во стартните петорки на Истокот и Западот ќе се појават двајца браќа – Шпанците По и Марк Гасол.

gasol

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.