Познати сите добитници на признанијата во Кан

Откако беше прогласен годинешниот лауреат на 71-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Кан, добитникот на Златната палма јапонскиот режисер Хироказе Коре-Еда за филмот „ Shoplifters“, жирито предводено од австралиската актерка Кејт Бланшет ги соопшти сите добитници на поважните признанија на едена од најреномираните филмски смотри во светот.

Наградата Гран При му припадна на афроамериканецот Спајк Ли за филмот „BlacKkKlansman“ кој претставува памфлет во кој овој режисер по потекло од њујоршки Бруклин зборува против расизмот, крајната десница и американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа мешавина од класичен крими и политички филм се завршува со осуда на настаните од Шарлотсвил, градот во сојузната држава Вирџинија, кад на 12-ти август 2017 година имаше насилства во судирите меѓу приврзаниците на крајната десница и нивните противници.

Наградата на жирито ја доби филмот „Capharnaum“ на Либанката Надин Лабаки.

Специјалната Златна палма ја доби француско-швајцарскиот режисер Жан-Лук Годар за филмот „Livre d’ image“ (Сликовница).

Наградата за најдобра режија му припадна на Полјакот Павел Павликовски за остварувањето „Cold War“ (Студена војна), љубовна приказна снимена во црно-бела техника, вдахновена од љубовта на родителите на авторот. Шеесетгодишниот Павликовски, го доби Оскарот за 2015 година за неговиот претходен филм „Ида“.

Наградата за најдобро сценарио ја делат италијанската режисерка Алиса Рохрвашер за „Lazzaro Felice“ (Среќниот Лазар), и иранците Џафар Панахи и Надер Саеува за „Тrois images“ (Три лица). Бидејќи на 57-годишниот Панахи му е забрането да патува во странство, па не можеше да се појави во Кан, наградата ја прими неговата ќерка. Панахи, инаку, е добитник на Златната мечка на Берлиналето во 2005 година за филмот „Такси Техерен“.

Наградата за најдобра женска улога ја доби Казахстанката Семал Есламова во филмот „Ayka“ на рускиот режисер Сергеј Дворцевој во кој толкува ролја на беглака од Киргистан присилена да оди во крајноста за да преживее во Москва. Триесет и тригодишната Есламова веќе играше во филм на Дворцевој, во „Тулбан“ кој беше награден во категоријата „Извесен поглед“ во Кан во 2008 година.

Најдобар актер е Италијанецот Марчело Фонте во филмот „Dogman“ во режија на Италијанецот Матео Гароне за улогата на фризер за кучиња кој помалку тоне во насилство.

Златната камера ја освои Белгиецот Лукас Дронт за филмот „Девојка“, за адолесцентка родена како момче којашто сонува да стане балерина. Наградата во категоријата Извесен поглед, за перспективни уметници, му припадна на 16-годишниот Виктор Полстер за одличната улога и за умешноста на совладувањето на балетот во истиот филм.

Златната палма за краткометражен филм му припадна на Австралиецот Чарсл Вилијамс.

Специјалната оцена за краткометражен филм ја доби кинескиот режисер Веи Шучун за остварувањето „Yao Bian Shao Nian“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.