Познати сите репрезентации кои изборија директно учество на ЕП 2016

Турците преку ремек-делото на Инан во 89-та минута обезбедија пласман во баражот за ЕП 2016

Група А-И, како првопласирани завршија:

Германија, Северна Ирска, Португалија, Шпанија, Англија, Австрија, Чешка, Белгија и Италија.

Група А-И, како второпласирани завршија:

Полска, Романија, Албанија, Словачка, Швајцарија, Русија, Исланд, Велс и Хрватска.

Репрезентацијата на Турција е најдобро третопласирана селекција, додека Франција има пласман како домаќин.

Во баражот ќе играат осум селекции кои се пласираа на третото место:

Република Ирска, Унгарија, Данска, Украина, Словенија, Шведска, БиХ и Норвешка.

Ждрепката за баражите ќе биде извршена во недела (18-ти октомври). Натпреварите ќе се играат од 12-ти до 14-ти ноември и од 15-ти до 17-ти ноември.