Познати сите учесници во Еврокупот

Комплетирана е листата на екипи кои следната сезона ќе играат во второто по квалитет клупско европско кошаркарско натпреварување – Еврокупот.

Учесници во Еврокупот сезона 2018/19:

Од Шпанија – Валенсија, Уника и Андора.
Од Германија – Алба, Улм и Франкфурт Скилинсерс.
Од Турција – Галатасарај, Тофас и Турк Телеком.
Од Русија – Локомотив Кубан, Зенит и Уникс.
Од Италија – Тренто, Бреша и Торино.
Од Франција – Асвел, Монако и Лимож.
Од Србија – Црвена Ѕвезда и Партизан.
Од Литванија – Лиетувос Ритас.
Од Полска – Асеко Гдиња.
Од Црна Гора – Морнар.
Од Хрватска – Цедевита.

Победникот следната сезона ќе обезбеди настап во елитната Евролига.