Спорт

Познати сите учесници на фајнл форот во Купот на Македонија

Познати сите учесници на фајнл форот во Купот на Македонија

Ракометарите на Вардар направија голем чекор кон освојувањето на титулата во Купот на Македонија, откако на решавачкиот натпревар за пласман на Фајнл фор турнирот во Охрид, забележаа лесна победа над Металург Јуниор со 36:20 (15:8). Ова беше втор меѓусебен дуел на овие две екипи, претходно “црвено – црните” го своладаа тимот од Автокоманда во Суперлигата, со 37:22.

Марковиќ беше најрасположен за игра кај Вардар со 10 погодоци, Брумен постигна шест, а Лазаров еден помалку. Во составот на Металург Јуниор, Манасков даде седум голови, додека Талески беше стрелец на пет.
Вардар е последниот патник на финалниот турнир, откако претходно учество обезбедија и екипите на Тинекс Пролет, Металург и Зомимак М.