Спорт

Познати сите учесници во плејофот во НБА лига

Познати сите учесници во плејофот во НБА лига

Македонскиот кошаркар во редовите на Атланта, Перо Антиќ загуби во последната секунда од Шарлот во НБА лига со 95:93. Атланта имаше предност од 15 поени во последната четвртина од мечот со Шарлот, но откако тренерот Баденхолцер, со оглед на тоа што неговиот тим веќе има обезбедено плеј-оф, се одлучи да ги одмори Милсап, Керол и Корвер како и нашиот Антиќ и Џеф Тиг кои не играа во последниот период, се случи целосен пресврт и во последната секунда Даглас-Робертс донесе победа за Шарлот.

За околу 19 минути на паркетот Перо Антиќ постигна три поени, три скокаи две асистенции.

Резултати: Филаделфија – Бостон 113:108, Торонто – Милвоки 110:100, Вашингтон – Мајами 114:93, Атланта – Шарлот 93:95, Чикаго – Орландо 108:95, Хјустон – Сан Антонио 104:98, Њу Орлеанс – Оклахома 101:89, Јута – ЛА Лејкерс 104:119, Феникс – Мемфис 91:97, Голден Стејт – Минесота 130:120

СИТЕ ПЛЕЈ-ОФ УЧЕСНИЦИ:
ИСТОК:Индијана (55-26), Мајами (54-26), Торонто (47-33), Чикаго (47-33), Бруклин (44-36), Вашингтон (42-38), Шарлот (41-39), Атланта (37-43)
ЗАПАД: Сан Антонио (62-18), Оклахома (58-22), ЛА Клиперс (56-24), Хјустон (53-27), Портланд (53-28), Голден Стејт (49-31), Далас (49-32), Мемфис (48-32)