Спорт

Познати терминате за 1/8 финалните дуели во ЛШ

Познати терминате за 1/8 финалните дуели во ЛШ

Одредени се и датумите и термините, за одигрување на сите 1/8 финални натпревари од ТОП 16 фазата во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион Вардар, првиот дуел против актуелниот европски првак Хамбург ќе го игра на 22.03 (сабота) во СЦ “Борис Трајковски”, додека на 30.03 ќе гостува во Германија.

Вицешампионот Металург, еден ден подоцна ќе го пречека Колдинг.

Термини на одигрување на осминафиналните дуели: Вардар – Хамбург (22.03 -18.00 ) ; Хамбург – Вардар (30.03 – 18.45) Металург – Колдинг (23.03 – 16.55) ; Колдинг – Металург (30.03 – 16.45) Мотор Запорожје – Кил (20.03 – 20.45) ; Кил – Мотор Запоржје (30.03 – 16.45) Алборг – Барселона (23.03 – 15.00) ; Барселона – Алборг (29.03 времето дополнително ќе се одреди) Целје – Флензбург (23.03 – 19.15) ; Флензбург – Целје (29.03 – 17.30) Киелце – Рајн Некар Левен (22.03- дополнително ќе се одреди) ; Рајн Некар Левен (30.03- 20.15) Горење Велење – ПСЖ (22.03 – 20.30) ; ПСЖ – Горење Велење (30.03 – 17.00) Висла Плок – Веспрем (дополнително ќе се одреди) ; Веспрем – Висла Плок (30.03 – 15.00 ч.)