Познатиот актер е во критична состојба: Се онесвестил среде претстава

Познатиот српски актер Милорад Мандиќ Манда паднал на сцената на театарот Вук Караџиќ, јавува српски „Курир“.

Познатиот актер, кој кај балканската публика е познат по бројните улоги во поголем број филмови, меѓу кои и во „Убавите села, убаво горат“ (Лепа села, лепо горе) и „Ивкова Слава“ денес паднал на сцената за време на изведба на претстава.

Тој бил пренесен на Ургентниот центар каде во тек е реанимација. За време на предпремиерата на претставата „Петар Пан“ во театарот „Вук Караџиќ“, Мандиќ кој ја толкувал улогата на капетан Кука се срушил на сцената.

Публиката прво мислела дека се работи за дел од актерската игра, но потоа се спуштила завесата, а луѓето биле замолени да излезат од театарот.