Познатите дами најавија: Новогодишната ноќ ќе бида светкава и елегантна

Дали познатите дами веќе го покажаа своето новогодишно издание? Се чини дека тоа го сторија овој викенд.

Финалето на Икс-фактор ги собра на сцена членовите на жирито. Рита Ора и Шерил Фернандез Версини се појавија во светкави, гламурозни фустани и така најавија како ќе изгледа најлудата ноќ оваа година.

Светкавите разголени парчиња облека повторно се актуелни. Доколку сте храбри и сакате вакви провокативни модели ова е вистинскиот избор за вас. Искомбинирајте со едноставна фризура и без многу накит.

Во финалето на шоуто настапи Адел, која ја покажа новата фризура, прочуениот боб. Исто така и Адел својот гламур и елеганција ги покажа со светкав црн фустан. Полн погодок!