Познато е каде нашите ракометари ќе го играат квалификацискиот турнир за ОИ

Познато е каде македонската ракометна репрезентација ќе го одигра квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Според одлуката што е донесена за време на состанокот од страна на ИХФ, а официјално ќе биде обелоденета во јавноста во текот на денешниот ден, нашите репрезентативци овој напревар ќе го одиграат во Гдањск, Полска.

Иако одредени медиуми тврдеа дека натпреварите од првата предолимписка група ќе се играат во Тунис, оваа опција експресно била отфрлена.

Полјаците уште за време на европскиот шампионат го посочија Гдањск како град во кој би го одржувале овој турнир. Македонија и Полска се во група со Чиле и Тунис, а пласман на Олимписките Игри обезбедуваат двете најдобри селекции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.