Познато името на петтиот член на Ад-хок комисијата

Љуљзим Хазири, поранешен дописник на МТВ од Гостивар, универзитетски професор и активист на невладиниот сектор ќе биде петтиот член на ад хок телото за медиуми.

Како што јавува телевизијата НОВА повикувајќи се на неофицијални информации, оваа одлука била донесена во рамки на тричасовните консултации меѓу СДСМ и ДУИ.

Одлуката сѐ уште не е официјално потврдена.  Се очекува по официјализирањето, останатите 4 членови да го изгласаат петтиот член и да се тргне и последната пречка на патот до избори.

Потоа се очекува во Клубот на Пратеници да дојде Груевски и официјално да се соопшти дека изборите ќе се одржат на 11-ти декември.

Инаку претходно Груевски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати се што ќе биде договорено од страна на останатите три политички партии потписнички на Договорот од Пржино, повеќе за ова на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.