Познато жирито кое ќе одлучува за наградата „Златна палма“

За добитниците на Златна палма на претстојниот филмски фестивал во Кан ќе одлучува жири каде ќе биде американскиот актер, Џејк Џиленхал, мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо и Канаѓанецот Ксавиер Долан, објави МИА.

Музичарот од Мали, Рокиа Траоре исто така, е во жири комисијата заедно со британската актерка Сиена Милер, француската ѕвезда, Софи Марсо и шпанскиот актер Роси де Палма, честиот „гостин“ во филмовите на Педро Алмодовар.

Со жирито ќе претседаваат браќата Џоел и Итан Коен.

Филмска екстраваганција на француската Ривиера почнува на 13 мај со филмот „La Tete Haute“ на француската режисерка, Емануел Берко.