Познато зошто се самоубил најдобриот готвач во светот?

Беноит Виолиер кој беше познат како најпознатиот готвач во светот беше пронајден мртов во неговиот стан, а постојат сомнежи дека Виолер се самоубил поради измамата со вина тешка милион фунти, јавува Гардијан.

Ресторанот на Виолиер кој имаше три Мишелинови ѕвездички се наоѓаше на листата на најдобрите ресторани, а наводно во измамата претрпел загуби од 1, 4 милиони фунти. Повикувајќи се на неименувани извори, швајцарскиот магазин Билан тврди дека Виолиер бил една од жртвите на измамата на швајцарската компанија која продавала ретки вина, вредни речиси 15.000 евра, но дека никогаш не би ги испорачале.

Истото шише вино го продавале по три или четири пати по цени од 15.000 до 30.000 евра за шише.

Француско – швајцарскиот готвач 44-годишниот Виолиер беше на чело на Restaurant de l’Hotel de Villea во Кризиер во близина на Лозана. Швајцарската полиција издала соопштение дека засега изгледа дека готвачот се самоубил со истрел од пиштол.