сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 45

Продолжува евакуацијата од опколените населби кај Алепо

Од средата утрото, 45 автобуси со борци и цивили приврзаници на режимот, евакуирани од наслебите Фуа и Кафраја, беа блокирани во предградието на Алепо, Рашидин, кое е под контрола на бунтовниците.

alepo-2-640x294

Последни вести

Сиријците евакуирани од опколените населби во реонот на Алепо денеска го продолжија своето патување, откако два дена беа блокирани во автобуси, соопшти Сирискиот центра за мониторинг на човековите права.

– Дел од 16-те автобуси блокирани во двете транзитни зони во близина на Алепо го продолжија патот, изјави директорот на Центарот со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.

Од средата утрото, 45 автобуси со борци и цивили приврзаници на режимот, евакуирани од наслебите Фуа и Кафраја, беа блокирани во предградието на Алепо, Рашидин, кое е под контрола на бунтовниците.

Во средата вечерта со други 11 автобуси беа евакуирани жителите на населбите под конторла на бунтовниците, Забадани, Сергаја и Џабал Шарки во зоната на Рамуса, јужно од Алепо. Тие се упатија кон Рамуса во провинцијата Идлиб, во реони под контрола на бунтовниците.

– Во исто време десет автобуси го напуштија Рашдин и влегоа во градот Алепо, кој е под контрола од сирискиот режим, посочи Рахман.

Најчитани вести