Практични обуки на професорите и наставниците по физичко образование и спорт

Денесka со почеток во 10.00 часот, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и директорката на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ ќе го посетат Факултетот за Физичка култура, спорт и здравје при УКИМ, каде ќе присуствуваат на практичните обуки од проектот “Kонтинуирано усовршување на наставниците и професорите по физичко образование од основните и средните училишта”.

Реализацијата на проектот ќе придонесе за стекнување и иновирање на стручни знаења кои се во функција на постојан професионален развој во текот на работата на наставниците, оспособување за следење и примена на новите образовни технологии и напредување во работата на наставниците и професорите по физичко образование и спорт.
Воедно ова е финален дел од проектот, каде што беа оддржани обуки низ целата држава поделени на три региони: Скопје, Исток и Запад. Носител на проектот е Агенцијата за млади и спорт, Министерство за образование и наука- Биро за развој на образованието и Факултет за физичка култура во Скопје, а главен покровител е Агенцијата за млади и спорт.