Практикантска работа за средношколци во ЕВН Македонија

 

Од јуни почнува практикантската работа за средношколци во ЕВН Македонија. Над 50 средношколци од пет електротехнички училишта од земјава ќе можат теоријата да ја применат во пракса низ процесите за работа во ЕВН.

Соработката со средните технички училишта трае веќе 4 години и ЕВН е подржувач на сите активности кои се во насока на зголемување на интересот за техничките науки и зголемување на знаењата и вештините на младите електротехничари.

DSC_5131

ЕВН Македонија има стратегиска определба да се вклучи во образовниот процес при градењето на стручни кадри уште од нивната рана образовна возраст, со цел тие по завршувањето на своето средно образование веќе да бидат подготвени за предизвиците на работните места, изјави д-р Игор Гиевски,член на управниот одбор на ЕВН Македонија.

Тој на доделувањето на наградите на победниците на „Деновите на електротехника“ кои се одржаа во СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје најави дека ЕВН и годинава ќе ги отвори вратите за средношколците од електротехничките училишта за посетување на практикантска работа и со тоа уште повеќе ќе се продлабочи соработката штовсушност е заедничка инвестиција во младите.

Досегашната соработка овозможи стотици средношколци да минат низ практикантска работа во ЕВН и да видат како треба да се примени сето она што го учат на училиште. Вратите на компанијата ќе бидат отворени за сите кои ќе имаат амбиции и острученост да работат во иднина во неа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.