Праљак во Хаг испил цијанид

947

Веднаш по самоубиството на хрватскиот затвореник Слободан Праљак сите се запрашаа каков отров испил за тој да почине само по неколку часа.

Утврдено е дека тој користел цијанид- кој се смета за еден од најсмртоносните отрови на светот.

Цијанидот делува во организмот за само неколку секунди и го спречува кислородот да продира врз организмот.

Кој е Слободан Праљак?

Слободан Праљак кој вчера се самоуби додека судот во Хаг му ја читаше пресудата од 20. години затвор, немал ни намера во минатото да стане војник.

Како што пишува Дневник.хр, Праљак  бил интелектуалец, уметник и креативец, а имал дипломи од три факултети. Пред војната воопшто не бил заинтересиран за војска и за воени активности.

Најмногу се посветил како уметник на телевизиски серии и филмови, а во војска до израз дошла неговата остроумност.

Порталот пишува дека тој бил оженет со муслиманка. Таа во бракот ги донела своите две мали деца, а тој ги прифатил како свои, им го дал презимето и целото наследство.

Тој вчера испи отров додека му ја кажуваа пресудата, а последни зборови му беа дека не бил воен злосторник и убиец.

Лекарите со побрза интервенција сепак можеле да го спасат?

Хрватскиот токсиколог Фрањо Плавишиќ изјави дека интервенцијата на докторите по труењето на Слободан Праљак во Хаг, судејќи по се, не била доволно брза, без оглед на тоа за кого станува збор.

Вистина е дека брзината е клучна во спасувањето на животот на отруениот пациент, посебно ако не се знае за кој отров станува збор, рече Плавишиќ.

Тој додал дека изгледа поминало повеќе време од кога Праљак испил отров до неговото заминување во болница, па интервенцијата била предоцна.

Плавишиќ напоменува дека и за најсилниот отров кој ќе се испие потребно е некое време да влезе во крвта, односно да стане смртоносен, а за тоа време докторите можат да помогнат.

Плвишиќ напоменува дека Праљак отровот го испил во 11:30, а Брзата помош наводно дошла во Хаг околу 12:30, значи доцнела 1 час.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.