Спорт

Прандели: Балотели докажа дека не постојат супер-хероии

Прандели: Балотели докажа дека не постојат супер-хероии

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели е убеден дека слозите кои се појавија на лицето на најконтроверзниот фудбалер на денешницата и најголема ѕвезда во дресот на Милан, Марио Балотели не се знак на некаква слабост.

„Пред тој натпревар, Балотели најпосле дозна дека е татко на малата Пиа, но јас не сакам да зборам на таа тема, тоа е нешто приватно и сите мора да покажеме максимален респект. Јас сум среќен поради солзите на Балотели. Станува збор за силна емоција, го погоди гостувањето во Неапол. Марио е млад фудбалер и не може секогаш да се носи со притисокот. Тие солзи не се знак на некаква слабост, Марио покаже дека е само човек. Испрати јасна порака дека не постојат супер-хероии. Покажа колку е кршлив и никогаш не се срами од своите емоции”, изјави Прандели.