Прандели: Балотели нема контакт со реалноста

Поранешниот селектор на Италија, а моментално тренер на турскиот гигант Галатасарај, Чезаре Прандели, повторно е во центартот на фудбалското внимание но сега поради сензационалната изјава дека најконтроверзниот фудбалер на денешницата, Марио Балотели не е лошо момче, но живее во нереален свет.

“Во основа, Марио е многу добро момче. Не е лошо, не можам да кажам дека е лошо момче. Сепак, Марио живее во една димензија која е далеку од реалноста. Сепак, тоа и не е така страшно, јас на тоа не гледам како на некој голем проблем. Марио мора да свати дека има 24 години, дека има се што е потребно за да израсне во голем фудбалер, дека ја има таа уникатна шанса да го стекне потребното искуство”, изјави Прандели.