Прандели ги искара репрезентативците на Италија

Чезаре Прандели, селекторот на Италија ги предупреди своите фудбалери дека националниот тим може да забележи позитивен резултат на престојниот Мундијал во Бразил само доколку бидат елиминирани сите недостатоци, сите грешки во нивната игра.

„Точно дека за такво нешто е потребе подолг временски период, но Италија го нема тоа време, ние мораме да ги елиминираме сите грешки, да го зголемиме нашиот лимит, да ги неутрализираме сите грешки. Тоа малку време, кое го имаме на располагање, мора да го искористиме максимално, да го искористиме паметно. Не ми се допадна фактот дека на последниот пријателски натпревар цели 40 минути не организиравме ниту еден контра напад. Мора да ги анулираме сите индивидуални грешки, одбраната мора да функционира подобро”, изјави Прандели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.