Спорт

Прандели главен во Италија до 2016 година

Прандели главен во Италија до 2016 година

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели, потврди дека пред неколку часа го потпишал понудениот договор кој ќе има важност до завршувањето на Европското првенство во 2016 година.

“Зошто каснам на закажаната прес-конференција? Закаснив затоа што го потпишував новиот договор со Фудбалската федерација на Италија. Да, сега е и официјално, ќе бидам селектор на Италија до завршувањето на Европското првенство во Франција. Нема сега да се замараме со деталите од новиот договор, сега имаме далеку побитна тема, Мундијалот во Бразил. Од септември ќе збориме за новиот проект, за новата програма. Поради рекламните права, овој договор е потпишан со закаснување од два месеца”, изјави Прандели.