Прандели го испофали Марио Балотели

Честитки на адресата на Марио Балотели за одличната партија која ја круниса со погодок упати и селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели.

„Марио Балотели одигра одличен меч. Го стори тоа што беше потребно, постигна гол за голем триумф над Англија. Среќни сме што стартувавме со победа на Светското првенство, мора да напоменеме дека победивме една голема селекција. Англичаните беа фантастичен ривал, а јас сум горд што Италија покажа дека е во врвна форма и дека можеме да одиме далеку на овој мундијал. Но, ќе чекориме постепено, затоа што завршницата е се уште многу далеку“, изјави Прандели.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.