Прандeли ќе чека понуда од Италија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели, експресно ја демантираше пласираната информација е дека е можно да си замине од селекторската функција пред стартот на престојниот Мундијал во Бразил.

“Јас имам договор до крајот на Мундијалот во Бразил и сигурно дека ќе го испочитувам тој договор. Ќе седнам на преговарачката маса, ако најдеме заеднички јазик тогаш и во следниот период ќе бидам селектор на Ииталија, ако не, на убав начин ќе се разделам со Фудбалската федерација. Срамно би било да си заминам пред СП 2014. Италија мора да држи чекор со најголемите ривали. Италија нема толку големи фудбалери, нема толку големи резултати, но Италија има идеjа и таа идеjа мора да биде реализирана во Бразил”, изјави Прандели.