Прандели не сака да биде менаџер на Тотенхем

Актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели, експресно ја демантираше пласираната шпекулација од англиските медиуми дека во новата клупска сезона ќе биде менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.

“Јас менаџер на Тотенхем? Чиста фантазија. Премногу е рано да зборувам на оваа тема, да зборам за мојата иднина. После пријателскиот натпревар против репрезентацијата Шпанија ќе имам состанок со раководните лица на Фудбалската федерација на Италија. Ќе имам состанок со претседателот Џианкарло Абате. Сите опции се во игра, ќе го слушнам нивниот предлог, ќе ги разгледам сите понуди кои ќе пристигнат на мојата адреса и ќе ја донесам конечната одлука”, изјави Прандели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.