Прандели преговара со челниците на Галатасарај

Раководните лица на турскиот гигант, Галатасарај, ја потврдија пласираната информација дека испразнетото тренерско место му е понудено на сега веќе поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели.

“Фудбалскиот клуб Галатасарај започна официјални преговори со искусниот италијански стручњак, Чезаре Прандели. Јавноста ќе биде информирана се секој нов детал”, стоеше во официјалното соопштение објавено на официјалниот сајт на турскиот гигант.

До пред неколку дена, најголемиот виновник за очајната сезона на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес, важеше за најголем фаворит за тренерската функција, но двете страни не најдоа заеднички јазик околу годишната плата.