Прандели се откажа од Тоти и му даде шанса на Касано

Предводникот на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели, стави крај на сите дилеми околу можниот кам-бек на легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти и додаде дека искусниот напаЃач на Верона, Лука Тони нема да биде дел од престојниот Мундијал во Бразил.

„Кои се 23 фудбалери кои ќе настапат во Бразил? И јас не знам кој ќе добие покана. Имам 18 кои се вртат во мојата глава. За да биде комплетиран целиот список, јас прво морам да ги решам сите дилеми кои ги имам за тие 18 фудбалери, а потоа да мислам на последните пет покани. Кога е во прашање Тоти, се што можам да кажам е дека мораме да покажиме максимален респкт и да не навлагаме во детали. Одлично го познавам Лука Тони, игра одлично во актуелната сезона, но подобро е да зборам за тие кои се веќе дел од кампот на Италија. Антонио Касано? Веќе разговарав со тренерот на Парма, Роберто Донадони. Ми кажа дека Касано не бил во топ форма само околу божиќните празници, а додаде и дека се однесувал професионално на секој тренинг и на секој натпревар”, изајви Прандели.