Прашањето на Косово сé појасно се поставува како услов за членство на Србија во ЕУ

Косово повторно стана една од водечките теми во процесот на евроинтеграциите на Србија и сé поотворено се гледа низ призмата на пораките на европските функционери дека властите во Белград нема да можат да сметаат на членство во Европската унија без правно обврзувачки договор со Приштина.

На повеќето белградски електронски медиуми и портали во вторникот доминираат пораките и појаснувањата од српскиот претседатгел Александар Вучиќ од интревјуто за комерцијалната телевизија Хепи од понеделникот вечерта дека договорот со Приштина значи, меѓу друготото, и решено прашање на границата, како и неговата најава дека во текот на следните неколку месеци ќе каже „кое е најмалку лошото решение“ на косовското прашање.

„Нема да дозволат влегување на Србија во ЕУ без јасно решено прашање на границата“, рече Вучиќ и додаде дека сите во Србија мора да се договорат за тоа што треба да се стори во иднина.

Вучиќ истакна дека од судир со Албанците „нема полза и среќа“, оставајќи го отворено прашањето како ќе биде решено косовското прашање.

„Дали ќе го решаваме или нема? Народот секако на некој рефеендум ќе мора да каже што мисли за тоа“, рече Вучиќ оценувајќи дека „добро решение нема“.

Српскиот претседател најави дека за два до три месеца ќе го изнесе својот став за решавњето на ова горливо прашање, а доколку народот не се сгласи со тоа, како што рече, тоа ќе претставува пораз на неговата политика.

„Суштната е, а што луѓето треба да го знаат: или ќе сториме нешто и нешто ќе се обидеме да решиме, или сме осудени на поропаст“, порача Вучиќ.

Косово повторно се најде во центарот на вниманието по убиството на еден од поистакнатите лидери на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, и одлуката на Белград дека нема да ги продолжи разговорите со Приштина под покровителство на Брисел, коишто се во застој речиси година и половина, сé додека косовските власти не го расветлат овој очигледен политички атентат.

Пораката дека Белград нема да ги продолжи техничките преговори со Приштина во седиштето на ЕУ сé додека не добие информации во врска со извршителите и налогодавачите за убиството на Ивановиќ ја повтори во понеделникот вечерта и шефот на српската дипломатија и прв вицепремиер Ивица Дачиќ во разговорот за јавната покраинска Радио-телевизија Војводина (РТВ).

Дачиќ истакна дека Србија и натаму инсистира на учество во истрагата за убиството на Ивановиќ, посочувајќи дека обвинителството во Приштина најави дека наскоро ќе следи размена на важни податоци и информации со кои може да се помогне во продолжение на истрагата.

„Се надевам дека запирањето на техничките преговори нема да трае долго, но грижата за безбедноста на територија на Косово ја преземаа меѓународните структури и косовската полиција со потписот на ЕУ. Постои одговорноста на Брисел и тие мора да инсистираат на соработка во истрагата“, порача Дачиќ.

Потсетувајќи на многуте убиства извршени на територијата на поранешната јужна српска покраина, Дачиќ рече дека за нив сé уште нема пресуди, оценувајќи дека убиството на Оливер Ивановиќ претставува „специфичен случај кој е од клучна важност за стабилизација на целиот регион“.

Коментирајќи го сé почестото спомнувањето на условите од страна на високите европски функционери дека Србија може да влезе во ЕУ само доколку со договор ги реши односите со Косово, шефот на српската дипломатија порача дека Косово не може да добие столче во ОН, додека тоа не го прифати Србија.