Пратеничка од ДУИ поднесе оставка

Шкодране Дардишта од ДУИ, поранешната „командантка“ писмено го известила Собранието дека се откажува од пратеничкото столче.

На нејзино место доаѓа Калтрина Азизи, која е следна на листата во Втората изборна единица.

Дардишта пред изборите беше директор на службата за заеднички услуги воклиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.