Пратеничката Грчева ги повика колегите да се вратат во Собранието

Пратеничката Солза Грчева на синоќешното гостување во централниот дневник на Сител ја „искористи“ можноста да ги повика и другите колеги пратеници од опозицијата да им се придружат во собраниските столчиња.

-Говорницата во Собранието сепак е најјакото место, од каде што можете да ги придобиете симпатиите на луѓето, нивната доверба и конечно да регрутирате и нови гласачи, рече таа.

Грчева посочи дека според неа, бојкотот од шест месеци не дал резултат, а лидерот Заев немал стратегија.

Пратеничката која се оглуши на ставот на опозициската коалиција за бојкот и влезе во парламентот заедно со Љубица Буралиева и Роза Топузовска Карова вели дека не се работело за бојкот туку за недоаѓање на пратениците во собраниските клупи. Според неа ако било бојкот, требало координаторот на опозициската пратеничка група да дојде на седница и да каже дека тие го бојкотираат парламентот и потоа нејзините колеги кои не доаѓале ке добивале само 30 % од платата, а не како што овие шест месеци си земале цела пратеничка плата за неработење.

Таа тврди дека имало уште од пратениците кои сакале да се вратат, но биле под силни притисоци. За нејзината работа во парламентот не смета дека не била плодна туку напротив јуначки се борела.