Пратеници да го следат примерот на Столиљковиќ и да донираат за поплавените региони

Пратеникот Иван Стоиљковиќ од Демократска партија на Србите во Македонија ја донираше целата своја плата за помош на поплавените региони во Македонија.

Тој вели дека знае како му било на неговиот народ минатата година и затоа се решил на ваков чекор.

Македонските пратеници земаат по повеќе од 1.000 евра плата. Ако се има предвид дека имаме 123 пратеници, сумата која би се собрала од нивните донации би била значителна помош за поплавените региони, особено ако се знае дека со телефонските донации, толку пари не може да се соберат за цела една недела.

Затоа, ги повикуваме пратениците да ја покажат својата хуманост и да го следат чекорот на својот колега.