Свет

Пратеници од украинската владејачка партија ја поддржаа волјата на народот

Пратеници од украинската владејачка партија ја поддржаа волјата на народот

Пратеници од владејачката Партија на регионите во Украина, побараа спроведување на вонредна седница на Врховната Рада, со цел враќање на земјата кон парламентарно-претседателски систем на управување. Пратениците, исто така ја изразија својата поддршка до украинскиот народ, пренесе „Интерфакс“.

Дванаесет пратеници од владејачката партија побараа денеска од 15.00 часот да биде свикана седница на Врховната Рада, за време на која би се дефинирало и би се гласало за враќањето на парламентарно-претседателска форма на управување во земјата.

Пратениците изразија поддршка до украинскиот народ и ги повикаа силите за безбедност да ги исполнат заклетвата за заштита на народот, а не „криминалните наредби“.