Македонија

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во ЕП ќе дебатираат за политичка култура

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во ЕП ќе дебатираат за политичка култура

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, денеска и утре во Европскиот парламент во Брисел за првпат ќе ги соочат своите аргументи во рамки на семинарот на тема „Развој на политичка култура и зајакнување на политичкиот дијалог за одржлива демократија”, пренесува МИА.

Потпретседател на македонското Собрание и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од една страна и Радмила Шеќеринска и Лидија Димова, претставени од организаторот како пратенички од СДСМ, но поканети како специјални гости на групата на европските социјалдемократи (СиД), заедно со пратеникот Љубомир Јосифовски од НСДП.

Од Македонија, покрај Милошоски, Шеќеринска и Димова, на овој семинар ќе присуствуваат и Талат Џафери (ДУИ), Љубица Буралиева (независна пратеничка) и Имер Алиу (ДПА). Заедно со македонската парламентарна делегација во Брисел е и генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, Жарко Денковски.

Она што е интересно е дека Буралиева е претставена како независна пратеничка, но поранешен член на СДСМ од каде според претставените биографии од страна на ЕП, таа била избркана поради одбивањето да ги следи партиските директиви за бојкот на парламентот. А, Шеќеринска и Димова од СДСМ, и покрај поднесените оставки и одбивањето да ги заземат пратеничките позиции во македонското Собрание, во Брисел доаѓаат со титули пратенички и претставнички во македонскиот Законодавен дом.

Тие ќе дебатираат за политичката култура на овој меѓупарламентарен семинар со пратеници од другите земји-кандидати за членство во ЕУ и со европратениците.

За овој семинар на тема „Развој на политичка култура и зајакнување на политичкиот дијалог за одржлива демократија”, според организаторите, реакцијата од страна на парламентите на земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија), како и од Турција била одлична. Посебно се истакнува фактот дека организаторите се особено горди што успеале на оваа дебата да вклучат пратеници од партиите што во моментов го бојкотираат домашниот парламент и се заблагодаруваат „на оние кои помогнаа да се постигне тоа”.

Оваа дебата лично ја организира Тјери Џејкоб од единицата на претпристапни активности во рамки на Дирекцијата за демократска поддршка на Генералниот директорат за надворешна политика на Европарламентот. Истата за првпат на маса ги става пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, откако социјалдемократите одлучија да го бојкотираат македонскито парламент по минатогодишните парламентарни избори.

Соочувањето на Милошоски со Шеќеринска и Димова, пак, доаѓа неколку дена пред официјалниот почеток на посредништво на тројцата европратеници (Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл) за смирување на политичката криза што во Македонија ја создаде СДСМ, со средби кои најпрво меѓу претставници на двете најголеми македонски партии, европратеници планираат да започнат во Брисел.