ФОТО: Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ на средби со граѓаните

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ на средби со граѓаните. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите неколку дена, преку пратеничките канцеларии на пратениците ја спроведе Акцијата „Мобилни пратенички канцеларии“.

Целта на оваа акција, како што информираат од Пратеничката група, била да се посетат и да се оствари контакт со граѓаните од населените места кои поради најразлични причини не се во можност и не можат да дојдат во пратеничките канцеларии на пратениците.

pratenici-vmro-1

На средбите  кои се оддржа низ повеќе наслени места низ целата  држава се разговараше за секоја тема која ги интересира луѓето. Се разговараше за политички теми, за локални и месни проблеми, за прашања од надлежност на Собранието на Република Македонија, но и за проблеми за кои се одговорни извршната и локалната власт.

Сите прашања и проблеми кои беа истакнати на овие средби, а се во надлежност на Собранието на Република Македонија ќе бидат разгледани од страна на пратеничката група и ќе бидат процесуирани во форма на пратенички прашања, автентични толкувања, амандмански интервенции во законите кои се во процедура или во предлози за измени и дополнувања на законите.

pratenici-vmro-3

За оние прашања и проблеми кои беа истакнати од граѓаните, а не сe во надлежност на Собранието, пратениците земаа за обврска да ги информираат надлежните државни или локални органи. Односно информациите ќе бидат доставени до министерствата и Општините, се со цел да се изнајде послен начин за нивно решавање.

pratenici-vmro-5

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како досега така и понатаму продолжува со својот претпознатлив начин на работа да биде во постојан контакт со граѓаните. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ стојат на располагање на сите граѓани за било какви предлози, сугестии, идеи, забелешки и критики, без разлика на нивната партиска, етничка или религиска припадност.