Пратениците денеска ќе решаваат колку потпретседатели ќе има Собранието

Пратениците денеска ќе ја иницијативата на  претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, според која се предложува Собранието да има тројца потпретседатели.

Бројот на потпретседатели го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Собранието, а кои се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието.

Во новиот пратенички состав коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 и НДП 1.  СДСМ освои 34 пратенички места, но одлучи да не учествува во работата на Собранието.

На дневен ред се и предлог-одлуките за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Македонија и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите.