Пратениците ќе расправаат за екстерното тестирање

Во Собранието денеска седници на четири собраниски комисии

Продолжува 67. Седница во Собранието на Република Македонија. Пратениците меѓу другото ќе расправаат и за екстерното тестирање.

Пратениците ќе расправаат за екстерното тестирање
Пратениците ќе расправаат за екстерното тестирање

 

На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување на законите за основното образование, за средното образование и за наставници во основните и средните училишта, во прво читање, поднесени од пратениците од СДСМ.

На предлог на опозициските пратеници треба да се расправа и за предлог законите за изменување на законите за минимална плата, за буџетите  во прво читање, како и за Информацијата за проблемот со се поголемото иселување,особено на младите од Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.