Пратениците на пауза пред расправата за ребалансот на Буџетот

Поради немање кворум и присуство на само 59 пратеници, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата на која треба да се расправа за ребалансот на Буџетот и даде пауза до 11 часот.

Пратениците требаше да се изјаснат по предлог-измените на Законот за култура што на почетокот на седницата ги образложи ресорниот министер Роберт Алаѓозовски.

Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот може да трае пет дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.