Пратениците на СДСМ денеска се враќаат во Собранието

Според договорот што го постигнаа партиите за спроведување на договореното од Пржино, денеска во Собранието треба да се усвојат измените во Изборниот законик што се однесуваат на прочистување на Избирачкиот список.

Тоа значи дека денеска пратениците на СДСМ треба да се вратат во собраниската сала, а седница со таква точка на дневниот ред сѐ уште не е закажана.

Последниот пат пратениците на опозициската СДСМ го напуштија Собранието откако не беше прифатен нивниот рок до кога требаше Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство.

Во однос на измените на Изборниот Законик во синоќешното гостување во Отвореното Студио на ТВ Нова изјава даде и вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров. Неговата изјава просследете ја на следниот линк.