Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието порачаа дека ги реафирмираат следните позиции

Најголемата пратеничка група во македонското Собрание, ВМРО-ДПМНЕ со 51 мандат, преку фејсбук профилот на поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник, Антонијо Милошоски, во вторникот порачаа дека ги повторуваат своите позиции, по настаните од четвртокот кога СДСМ и албанските партии вонделовнички го назначија Талат Џафери од ДУИ за собраниски спикер

 

pozitsii-640x177

Во статусот се наведува:

 

Пратениците од коалицијата „За подобра Македонија” денеска во

Собранието ги реафирмираат следните позиции:
• секој Пратеник има мандат и должност да го почитува и штити Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија
• Ниедна политичка амбиција на политичар или политичка партија не дава за право за кршење на Деловничката процедура како дел од демократијата во Собранието
• Обидот за избор на Претседател на Собранието со кршење на Деловникот и Законите е нелегален и ниеден политички притисок тоа не може да го покрие
• Против пратениците Мухиќ и Мисовски, кои преземаа неделовнички дејствија и предизвикаа политичко насилство, ќе поднесеме кривични пријави до надлежните институции
• На Македонија во овие тешки и многу чувствителни моменти не ѝ потребен нелегален Претседател на Собранието, нелегална Влада и создавање на тешки политички преседани со формирање на паралелни институции спротивни на Уставот кои можат да предизвикаат штетни и непоправливи последици
• Пратениците во Собранието имаат мандат од граѓаните, граѓаните се носители на суверенитетот во Република Македонија и нивниот став е најбитен, без разлика дали е изразен на избори или на демократски протести
• Ниту политичкото насилство, ниту физичкото насилство во Собранието не се за оправдување, ниту, пак, поради насилни поединци некој има право целиот мирољубив народ да го нарекува терористи.