Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ со поддршка за бесплатно ин-витро за трето и четврто дете

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ со поддршка за законските измени за бесплатно ин-витро за трето и четврто дете. На овој начин ќе имаат корист граѓаните, односно семејствата кои што се соочуваат со финансиски проблеми за партиципација за здравствени услуги во постапките за биомедицински потпомогнато оплудување, а ќе се допринесе и за зголемување на бројот на новороденчиња.

На денешната прес конференција пратеникот Сашо Василевски информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната 26-та седница на Комисијата за здравство ќе ја даде својата поддршка за измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување со кои што се утврдува ослободување од плаќање на партиципација за користење на здравствените услуги во постапките на биомедицински потпомогнато оплодување за добивање на трето и четврто дете.

Основната цел на измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување е создавање на правен основ за ослободување од плаќање на учество со лични средства на осигурените лица – корисници на право на биомедицински потпомогнато оплодување за користење на здравствените услуги во постапките на биомедицински потпомогнато оплодување спроведени согласно Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување за добивање на прво, второ, трето и четврто дете, најмногу до трет неуспешен обид за оплодување за прво, второ, трето и четврто дете, но најмногу до првото успешно породување со прво, второ, трето и четврто живородено дете, во рамките на трите обиди за прво, второ,  трето и четврто дете, рече Василевски.

Тој нагласи оти со овие измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување  се излегува во пресрет на барањата на корисниците на правото на биомедицински потпомогнато оплодување односно се нуди финансиско ослободување од плаќање на партиципација за оние корисници кои имаат намера да користат ин витро оплодување за трето и четврто дете.

Како што рече, преку овие измени многу семејства во Република Македонија ќе се охрабрат да направат биомедицински потпомогнато оплодување, а при тоа ќе немаат никакви трошоци за таа постапка.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека со овие измени и дополнувања во областа на биомедицински потпомогнато оплодување од Законот за здравствено се во голема корист на граѓаните односно на семејствата кои што се соочуваат со финансиски проблеми за партиципација за здравствени услуги во постапките за биомедицински потпомогнато оплудување. Исто така, сметаме дека на овој начин ќе се допринесе и за зголемување на бројот на новороденчиња. Сакаме да ја искористиме оваа прилика да го поздравиме и подржиме отворањето на новата лабараторија за за ин витро фертилизација замрзнување на полови клетки и ембриони во склоп на „Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“ – Скопје, која што значителнио ќе помогне при спроведување на биомедицински потпомогнато оплодување, рече Василевски.