четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 19

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ упатија телеграма со сочувство до семејството на Мирчев

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Макеоднија“ упати телеграма со сочувство до семејството на Димитар Мирчев за кого наведува дека е голем универзитетски професор кој во својот животен век длабоко се вкоренил во независноста на Република Македонија и бил ментор на многу генерации поттикнувајќи љубов и нудејќи знаење за политичките науки.

sobranie-pratenici

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Макеоднија“ упати телеграма со сочувство до семејството на Димитар Мирчев за кого наведува дека е голем универзитетски професор кој во својот животен век длабоко се вкоренил во независноста на Република Македонија и бил ментор на многу генерации поттикнувајќи љубов и нудејќи знаење за политичките науки.

Во својата богата кариера учествуваше во многу значајни моменти за Република Македонија. Како специјален пратеник на претседателот на Република Македонија беше дел од меѓународното признавање на државата. Како амбасадор во Република Македонија и во Светиот Престол неуморно се посветуваше на промовирањето и пренесувањето на македонските вредности во Европа. Како долгогодишен претседател на Европското движење во Република Македонија, но и како член на Националниот совет за евроинтеграции на Собранието на Република Македонија придонесе за значително подобрување и промовирање на македонските институции надвор од нашата земја, пишува во телеграмата.

Во телеграмата на пратениците од владејачката партија се наведува дека покрај заложбите за подобрување на меѓународниот углед на Република Македонија, професорот Димитар Мирчев како голем интелектуалец, публицист и колумнист секогаш бил дел од политичките и општествените процеси во Македонија. Како член на Советот за меѓународни односи на Претседателот на Република Македонија, наведува пратеничката група, Мирчев на располагање го стави целото свое научно, академско и дипломатско искуство и знаење се со цел да помогне на Република Македонија.

Професорот Димират Мирчев ќе остане во нашите сеќавања како една светла точка и пример за интелектуалец. Република Македонија и граѓаните изгубија човек кој што несебично, со голема љубов и гордост, зборуваше и ја сакаше оваа земја. Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејството на професорот Мирчев и со сите оние кои што го почитуваа неговиот лик и дело, пишува во телеграмата на пратениците на ВМРО ДПМНЕ.

Најчитани вести